Свети Писма
Мосија 22


Глава 22

Планови се кројат за народот да избега од ропството на Ламанитите—Ламанитите се опијанети—Народот избега, се враќа во Зарахемла, и станува подложен на Царот Мосија. Околу 121–120 п.н.е.

1 И сега се случи Амон и царот Лимхи да започнат да разговараат со народот како да се ослободат од ропство; и дури наредија целиот народ да се собере заедно; и го направија ова за да го слушнат гласот на народот во врска со ситуацијата.

2 И се случи дека тие не можеа да најдат начин да се ослободат од ропство, освен да ги одведат нивните жени и деца, и нивните стада, и нивните крда, и нивните шатори, и да заминат во дивината; бидејќи Ламанитите беа толку бројни, што беше невозможно за народот на Лимхи да се препираат со нив, размислувајќи да се ослободат од ропство со меч.

3 Сега се случи Гидеон да тргне и да застане пред царот, и му кажа: Сега О царе, ти овде ги слушна моите зборови многу пати кога се бевме препирале со нашите браќа, Ламанитите.

4 И сега О царе, ако ти сметаш дека не сум безвреден слуга, или ако досега ги послуша моите зборови до некоја мера, и ти послужија, дури така сакам да ги слушнеш моите зборови овој пат, и ќе бидам твојот слуга и ќе го избавам овој народ од ропство.

5 И царот му одобри да може да зборува. И Гидеон му кажа:

6 Ете го задниот премин, низ задниот ѕид, на задната страна од градот. Ламанитите, односно стражарите на Ламанитите, преку ноќ се пијани; затоа да испратиме проглас кон целиот овој народ за да ги собере заедно нивните стада и крда, за да ги водат во дивината преку ноќ.

7 И ќе одам според твојата заповед и ќе го платам последниот данок со вино на Ламанитите, и ќе бидат пијани; и ќе поминеме преку тајниот премин на лево од нивниот шатор кога ќе бидат пијани и заспани.

8 Така ќе заминеме со нашите жени и деца, нашите стада, и нашите крда во дивината; и ќе патуваме околу земјата Силом.

9 И се случи дека царот ги послуша зборовите на Гидеон.

10 И царот Лимхи нареди неговиот народ да си ги собере стадата заедно; и им го испрати данокот со вино на Ламанитите; и исто така испрати уште вино, како подарок за нив; и тие пиеја слободно од виното кое цар Лимхи им го испрати.

11 И се случи дека народот на царот Лимхи замина преку ноќ во дивината со нивните стада и нивните крда, и тргнаа околу земјата Силом во дивината, и го променија правецот кон земјата Зарахемла, водени од Амон и неговите браќа.

12 И беа го земале сето злато, и сребро, и нивните скапоцености, кои можеа да ги носат, и исто така нивните залихи со нив, во дивината; и го продолжија нивното патување.

13 И откако беа многу денови во дивината пристигнаа во земјата Зархемла, му се придружија на народот на Мосија, и станаа негови поданици.

14 И се случи дека Мосија ги прими со радост; и исто така ги прими нивните записи, и исто така записите кои беа пронајдени од народот на Лимхи.

15 И сега се случи кога Ламанитите беа дознале дека народот на Лимхи беше заминал надвор од земјата преку ноќ, тие испратија војска во дивината да ги гони.

16 И откако тие беа ги следеле два дена, не можеа повеќе да им ги следат трагите; затоа беа изгубени во дивината.