Свети Писма
Вовед


Вовед

Учење и Завети е колекција од божествени откровенија и инспирирани објави дадени за воспоставувањето и регулацијата на царството Божјо на земјата во последните денови. Иако најмногу од поглавјата се упатени кон членови на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, пораките, предупредувањата, и охрабрувањата се за корист на сето човештво и содржат покана до сите народи насекаде да го слушнат гласот на Господ Исус Христос, како им говори на нив за нивното привремено добро и нивното вечно спасение.

Најмногу од откровенијата во оваа компилација беа примени преку Џозеф Смит Јун., првиот пророк и претседател на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни. Други беа изјавени преку некои од неговите наследници во Претседателството (види наслови до УИЗ 135, 136, и 138, и Официјални Објави 1 и 2).

Книгата Учење и Завети е една од стандардните дела на Црквата во друштво со Светата Библија, Книгата на Мормон, и Бисерот од Голема Вредност. Сепак, Учење и Завети е уникатна бидејќи не е превод од древен документ, туку е од модерно потекло и беше дадена од Бог преку Неговите одбрани пророци за обновување на Неговото свето дело и воспоставувањето на царството Божјо на земјата во овие денови. Во откровенијата, се слуша нежниот и цврст глас на Господ Исус Христос, говорејќи одново во уредувањето на целината на времињата; и делото кое е започнато овде е подготовка за Неговото Второ Доаѓање, како исполнување на и во согласност со зборовите на сите свети пророци откако започна светот.

Џозеф Смит Јун. беше роден на 23 Декември, 1805, во Шерон, Округот Виндсор, Вермонт. За време на неговиот ран живот, се пресели со неговото семејство во денешен Манчестер, во западен Њујорк. Тоа беше додека тој живееше таму во пролетта во 1820, кога имаше четиринаесет години, кога ја искуси неговата прва визија, во која тој беше посетен лично од Бог, Вечниот Отец, и Неговиот Син Исус Христос. Му беше кажано во оваа визија дека вистинската Црква на Исус Христос која беше воспоставена во времињата од Новиот Завет, и која ја послужувала целината на евангелието, не беше повеќе на земјата. Други божествени прикажувања следеа во кои тој беше поучуван од многу ангели; на него му беше покажано дека Бог има специјална задача за него да ја прави на земјата и дека преку него Црквата на Исус Христос ќе биде обновена на земјата.

Во текот на времето, на Џозеф Смит му беше овозможено со божествена помош да ја преведе и испечати Книгата на Мормон. Во меѓувреме тој и Оливер Каудери беа ракоположени за Ароновото Свештенство од Јован Крстителот во Мај 1829 (види УИЗ 13), и наскоро потоа исто така беа ракоположени за Мелхиседековото Свештенство од древните Апостоли Петар, Јаков, и Јован (види УИЗ 27:12). Други ракоположувања следеа во кои свештенски клучеви беа предадени од Мојсеј, Илија, Елијас, и многу други древни пророци (види УИЗ 110; 128:18, 21). Овие ракоположувања беа, всушност, едно обновување на божествена власт за човек на земјата. На 6 Април, 1830, под небесни упатства, Пророкот Џозеф Смит ја организираше Црквата, и така вистинската Црква на Исус Христос уште еднаш е оперативна како институција помеѓу луѓето, со власт да го поучуваат евнагелието и да ги послужуваат обредите за спасение. (Види УИЗ 20 и Бисерот од Голема Вредност, Џозеф Смит—Историја 1.)

Овие свети откровенија беа примени како одговор на молитва, во времиња на потреба, и излегле од вистински животни ситуации кои вклучувале вистински луѓе. Пророкот и неговите соработници бараа божествено водство, и овие откровенија потврдуваат дека ги примиле. Во откровенијата, една личност ги гледа обновувањето и откривањето на евангелието на Исус Христос и воведување на уредувањето на целината на времиња. Западното движење на Црквата од Њујорк и Пенсилванија во Охајо, во Мисури, во Илиноис, и на крај во Големиот Базен на западна Америка и моќните борби на Светците во обидување да го изградат Сион на земјата во модерни времиња се исто така покажани во овие откровенија.

Неколку од раните поглавја вклучуваат работи во врска со преводот и испечатувањето на Книгата на Мормон (види поглавја 3, 5, 10, 17, и 19). Некои подоцнежни поглавја го одразуваат делото на Пророкот Џозеф Смит во правење на инспириран превод за Библијата, за кое време многу од големите поглавја со учења беа примени. (види, на пример, поглавја 37, 45, 73, 76, 77, 86, 91, и 132, секој од нив има некоја директна врска со преводот на Библијата).

Во откровенијата, учењата на евангелието се поставени со објаснувања за такви фундаментални работи како природата на Божеството, потеклото на човекот, реалноста на Сатаната, целта на смртноста, неопходноста за послушност, потребата за покајание, делата на Светиот Дух, обредите и изведбите кои се однесуваат на спасение, судбината на земјата, идните состојби на човекот после Воскреснувањето и Судот, вечноста на брачната врска, и вечната природа на семејството. Исто така, постепеното откривање на административната структура на Црквата е прикажана со повикување на епископи, Првото Претседателство, Советот на Дванаесетте, и Седумдесетте и воспоставувањето на други претседавачки служби и кворуми. Најпосле, сведоштвото кое е дадено за Исус Христос—Неговото божество, Неговото величество, Неговото совршенство, Неговата љубов, и Неговата искупувачка моќ—ја прави оваа книга од голема вредност за човечкото семејство и „вреди за Црквата колку богатствата на целата Земја“ (види упатство за УИЗ 70).

Откровенијата беа првобитно запишани од писарите на Џозеф Смит, и Црковните членови ентузијастички ги споделија рачно напишаните примероци едни со други. За да создадат еден попостојан запис, писарите наскоро ги ископираа овие откровенија во ракописно напишани книги, кои Црковните водачи ги користеа при подготвување на откровенијата да бидат испечатени. Џозеф и раните Светци ги гледаа откровенијата како што ги гледаше Црквата: живи, динамични, и подложени на подобрување со дополнителни откровенија. Тие исто така признаа дека ненамерни грешки најверојатно се беа случиле преку процесот на копирање на откровенијата и подготвувајќи ги за печатење. Така, една Црковна конференција го праша Џозеф Смит во 1831 „да ги поправи тие грешки или недостатоци кои тој може да ги открие преку Светиот Дух.“

Откако откровенијата беа прегледани и поправени, Црковните членови во Мисури започнаа да испечаат една книга насловена A Book of Commandments for the Government of the Church of Christ (Една Книга на Заповеди за Управата на Црквата на Христос), која содржеше многу од раните откровенија на Пророкот. Сепак, првиот обид да се испечатат откровенијата заврши, кога една толпа ја уништи канцеларијата за печатење на Светците во Округот Џексон на 20 Јули, 1833.

Штом се слушна за уништувањето на канцеларијата за печатење во Мисури, Џозеф Смит и другите Црковни водачи започнаа подготовки да ги испечатат откровенијата во Киртланд, Охајо. За повторно да се поправат грешки, да се појасни зборењето, и да се препознаат развивањата во Црковните учења и организација, Џозеф Смит го прегледа уредувањето на текстот на некои откровенија за да ги подготви за печатење во 1835 како Doctrine and Covenants of the Church of the Latter Day Saints (Учење и Завети на Црквата на Светците од Подоцнежните Дни). Џозеф Смит овласти друго издание на Учење и Завети, кое беше испечатено само неколку месеци после мачеништвото на Пророкот во 1844.

Раните Светци од Подоцнежните Дни ги ценеа откровенијата и ги гледаа како пораки од Бог. При една пригода во доцната 1831, неколку старешини од Црквата дадоа свечени сведоштва дека Господ им беше сведочел на нивните души за вистините на откровенијата. Ова сведоштво беше испечатено во издание од 1835 на Учење и Завети како пишано сведоштво на Дванаесет Апостоли:

Сведоштво на
Дванаесетте Апостоли за Вистината на
Книгата на Учење и Завети

Сведоштвото на Сведоците за Книгата на Господовите Заповеди, кои заповеди Тој ѝ ги даде на Неговата Црква преку Џозеф Смит, Јун., кој беше назначен преку гласот на Црквата за оваа цел:

Ние, затоа, се чувствуваме спремни да му сведочиме на целиот свет на човештвото, на секое битие на лицето на земјата, дека Господ им сведочил на нашите души, преку Светиот Дух кој беше пролеан врз нас, дека овие заповеди беа дадени преку инпсирација на Бог, и се кориснии за сите луѓе и навистина се вистинити.

Ние му го даваме ова сведоштво на светот, Господ како наш помагач, и тоа е преку благодатта на Бог, Отецот, и Неговиот Син, Исус Христос, дека ни е дозволено да ја имаме оваа привилегија да се даде ова сведоштво на светот, во кое се радуваме прекумерно, молејќи се на Господ за човечките деца да можат да профитираат таму.

Имињата на Дванаесетте беа:

  • Томас Б. Марш

  • Давид В. Патен

  • Бригам Јанг

  • Хебер Ч. Кимбал

  • Орсон Хајд

  • Вилијам Е. Меклелин

  • Парли П. Прат

  • Лук С. Џонсон

  • Вилијам Смит

  • Орсон Прат

  • Џон Ф. Бојнтон

  • Лајман Е. Џонсон

Во последователни изданија на Учење и Завети, дополнителни откровенија или други работи запишани беа додадени, како што беа примени и прифатени преку компетентни собири или конференции на Црквата. Изданието од 1876, подготвено од Старешина Орсон Прат под упатство на Бригам Јанг, ги средуваше откровенијата хронолошки и снабди нови наслови со историски воведи.

Почнувајќи со изданието од 1835, една серија на седум теолошки лекции беше исто така вклучена; овие беа насловени Lectures on Faith (Лекции за Вера). Овие беа подготвени за употреба на Училиштето на Пророците во Киртланд, Охајо, од 1834 до 1835. Иако корисни за учење и упатство, овие лекции беа испуштени од Учење и Завети од изданието од 1921 бидејќи не ѝ беа дадени ниту претставени како откровенија на целата Црква.

Во англиското издание од 1981 на Учење и Завети, три документи беа вклучени за прв пат. Ова се поглавјата 137 и 138, поставувајќи ги основите за спасение на мртвите; и Официјална Објава 2, објавувајќи дека сите достојни машки членови на Црквата можат да бидат ракоположени во свештенството без оглед на раца или боја.

Секое ново издание на Учење и Завети поправило минати грешки и додале нова информација, особено во историските делови на насловите на поглавјата. Сегашното издание понатаму ги подобрува датите и имињата на местата и прави други поправки. Овие промени беа направени за да го донесат материјалот во согласност со најпрецизните историски информации. Други специјални карактеристики од ова најново издание вклучуваат прегледани карти покажувајќи ги најголемите географски локации во кои откровенијата беа примени, плус подобрени фотографии оф Црковни историски глетки, вкрстени референци, наслови на поглавја, и збирови на работи со субјекти, од кои сите се оформирани да помогнат на читателите да ја разберат и да се радуваат во пораката на Господ како што е дадена во Учење и Завети. Информација за насловите на поглавјата беше земена од Историскиот Ракопис на Црквата и испечатената History of the Church (Историја на Црквата) (колективно наречени во насловите како Историјата на Џозеф Смит) и Joseph Smith Papers (Хартии на Џозеф Смит).