Свети Писма
Алма 30


Глава 30

Корихор, анти-Христот, го исмева Христос, Помирувањето, и духот на пророштвото—Тој поучува дека нема Бог, нема човечки пад, нема казна за грев, и нема Христос—Алма сведочи дека Христос ќе дојде и дека сите нешта укажуваат дека постои Бог—Корихор бара знак и станува нем—Ѓаволот беше му се појавил на Корихор како ангел и го поучуваше што да каже—Корихор е прегазен и умира. Околу 76–74 п.н.е.

1 Ете, сега се случи откако народот на Амон се смести во земјата на Јершон, да, и исто така откако Ламанитите беа протерани од земјата, и нивните мртви беа закопани од народот на земјата—

2 Сега нивните мртви не беа преброени поради големината на нивната бројка; ниту мртвите на Нефитите не беа преброени—но се случи откако беа ги закопале нивните мртви, и исто така после деновите за пост, и оплакување, и молење (а тоа беше во шеснаесеттата година од владеењето на судиите врз Нефитскиот народ) започна да владее постојан мир низ целата земја.

3 Да, и луѓето гледаа да ги одржуваат заповедите на Господ; и беа строги во одржување на Божјите обреди, според Мојсиевиот закон; бидејќи беа поучени да го одржуваат законот на Мојсеј додека да биде исполнет.

4 И така народот немаше вознемирувања во шеснаесеттата година од владеењето на судиите врз Нефитскиот народ.

5 И се случи на почетокот на седумнаесеттата година од владеењето на судиите, постоеше постојан мир.

6 Но се случи во подоцнежниот крај на седумнаесеттата година, да дојде човек во земјата Зарахемла, и тој беше Анти-Христ, бидејќи започна да му проповеда на народот против пророштвата кои беа кажани од пророците, во врска со доаѓањето на Христос.

7 Сега не постоеше закон против човечките верувања; бидејќи беше строго спротивно од Божјите заповеди да постои закон кој би ги довел луѓето во нерамноправни позиции.

8 Зашто така вели светото писмо: Одберете вие денес, на кого ќе му служите.

9 Сега ако човекот посакуваше да му служи на Бог, тоа беше негова привилегија; односно попрво, ако веруваше во Бог беше привилегија да му служи; но Тој ако не веруваше во Него не постоеше закон да го казни.

10 Но ако убиеше се казнуваше со смрт; и ако ограбуваше исто така се казнуваше; и ако крадеше исто така се казнуваше; и ако извршеше прељуба исто така се казнуваше; да, за целата оваа пакост беа казнети.

11 Зашто постоеше закон по кој народот требаше да биде суден според нивните злосторства. Сепак, не постоеше закон против човечките верувања; затоа, човекот беше казнет само за злосторствата кои беше ги сторил; затоа сите луѓе беа на рамноправни позиции.

12 И овој Анти-Христ, чие име беше Корихор, (а законот не можеше да го задржи) започна да му проповеда на народот дека не постои Христос. И на овој начин проповедаше, велејќи:

13 О вие кои сте оковани под будалеста и залудна надеж, зошто се оптоварувате со толку будалести нешта? Зошто барате еден Христос? Зашто ниту еден човек не може да знае за тоа што следува.

14 Ете, овие нешта што ги нарекувате пророштва, за кои вие велите дека се пренесувани од свети пророци, ете, тие се будалестите традиции на вашите татковци.

15 Како знаете за нивната сигурност? Ете, не можете да знаете за нештата кои не ги гледате; затоа не можете да знаете дека ќе постои Христос.

16 Вие очекувате и велите дека гледате опростување од вашите гревови. Но ете, тоа е последицата на пореметениот ум; и ова помрачување на вашите умови е резултат на традициите на вашите татковци, кои ве водеа во верување за нешта кои не се точни.

17 И многу повеќе такви нешта им кажа на нив, кажувајќи им дека не може да постои помирување за човечките гревови, но секој човек поминува низ овој живот според управувањето на суштеството; затоа секој човек напредуваше според неговата генијалност, и дека секој човек освојува според неговата сила; и што и да стореше човекот не беше злосторство.

18 И така тој им проповедаше на нив, одведувајќи ги срцата на многу, предизвикувајќи ги да ги кренат нивните глави во нивната пакост, да, одведувајќи многу жени, и исто така мажи, да извршуваат блудства—кажувајќи им дека кога човекот е мртов, тоа е крајот.

19 Сега овој човек исто така замина во земјата Јершон, за да ги проповеда овие нешта помеѓу народот на Амон, кој некогаш беше Ламанитски народ.

20 Но ете тие беа помудри од многумина од Нефитите; бидејќи тие го зедоа и го врзаа, и го однесоа пред Амон, кој беше висок свештеник врз тој народ.

21 И се случи тој да предизвика да биде одведен од земјата. И тој дојде во земјата Гидеон, и започна исто така да им проповеда на нив; и овде немаше многу успех, бидејќи беше одведен и врзан и однесен пред високиот свештеник, и пред главниот судија над земјата.

22 И се случи високиот свештеник да му каже: Зошто одиш наоколу и ги изопачуваш Господовите патишта? Зошто го поучуваш овој народ дека нема Христос, за да го спречиш нивното радување? Зошто зборуваш против сите пророштва од светите пророци?

23 Сега името на високиот свештеник беше Гидона. И Корихор му кажа: Бидејќи не ги поучувам будалестите традиции на вашите татковци, и бидејќи не го учам овој народ да се заслепи под будалестите обреди и изведби кои се положени од древните свештеници, да ја узурпираат моќта и власта над нив, да ги држат во незнаење, за да не ги креваат нивните глави, туку да бидат соборени поради твоите зборови.

24 Велите дека овој народ е слободен народ. Ете, ти велам дека се во ропство. Велиш дека тие древни пророштва се вистинити. Ете, велам дека не знаеш дали се вистинити.

25 Велите дека овој народ е виновен и паднат народ, поради престапот на родителот. Ете, велам дека детето не е виновно поради родителите.

26 И исто така велите дека ќе дојде Христос. Но ете, велам дека не знаете дали ќе постои Христос. И исто така велите дека Тој ќе биде убиен поради гревовите на светот—

27 И така го водите овој народ според будалестите традиции на вашите татковци, и според вашите сопствени желби; и ги држите потчинети, и тоа како да се во ропство, за да можете да се заситите со трудот на нивните раце, за да не се осмелат да погледнат нагоре со смелост, и да не се осмелуваат да ги уживаат нивните права и привилегии.

28 Да, тие не се осмелуваат да го искористат тоа што е нивно за да не ги навредат нивните свештеници, кои ги оптоваруваат според нивните желби, и ги доведоа да веруваат, по нивните традиции и нивните соништа и нивните каприци и нивните визии и нивните преправени мистерии, дека ако не направат според неговите зборови, ќе навредат некое непознато битие, за кои велат дека е Бог—битие кое никогаш не било видено ниту познато, кое никогаш не било ниту ќе биде.

29 Сега кога високиот свештеник и главниот судија ја видоа закоравеноста на неговото срце, да, кога видоа дека ќе се побуни дури и против Бог, тие не одговорија на неговите зборови; но наредија тој да биде врзан; и го предадоа во рацете на стражарите, и го испратија во земјата Зарахемла, за да биде доведен пред Алма, и главниот судија кој беше владетел над целата земја.

30 И се случи кога беше доведен пред Алма и главниот судија, тој продолжуваше на истиот начин како што правеше во земјата Гидеон; да, тој продолжуваше да богохули.

31 И тој истапи пред Алма со силни преувеличени зборови, и се побуни против свештениците и учителите, обвинувајќи ги дека го заведуваат народот по глупавите традиции на нивните татковци, за да се наситат со трудот на народот.

32 Сега Алма му кажа: Знаеш дека не се наситуваме со трудот на овој народ; зашто ете јас работев од почетокот на владеењето на судиите до сега, со моите сопствени раце за мојата поддршка, без оглед на многуте мои патувања околу земјата да го објавам Божјото слово на мојот народ.

33 И без оглед на многуте работи кои ги изведов во црквата, ниту еднаш не добив ниту еден сенин за мојот труд; ниту некој од моите браќа, освен ако не беше на судиската столица; и тогаш примивме само според законот за нашето време.

34 И сега, ако не примаме ништо за нашите трудови во црквата, која ни е користа да работиме во црквата освен за да ја објавуваме вистината, за да можеме да имаме радување во радоста на нашите браќа?

35 Тогаш зошто велиш дека ние му проповедаме на овој народ за да стекнеме добивка, кога ти, самиот, знаеш дека не стекнуваме добивка? И сега, веруваш ли дека го мамиме овој народ, што предизвикува толкава радост во нивните срца?

36 И Корихор му одговори, Да.

37 И тогаш Алма му кажа: Дали веруваш дека постои Бог?

38 И тој одговори, Не.

39 Сега Алма му кажа: Дали повторно ќе негираш дека постои Бог, и исто така ќе Го негираш Христос? Зашто ете, ти кажувам, знам дека постои Бог, и исто така дека Христос ќе дојде.

40 И сега каков доказ имаш дека не постои Бог, или дека Христос нема да дојде? Ти кажувам дека немаш ниту еден, освен твоите зборови.

41 Но, ете, ги имам сите нешта како сведоштво дека овие нешта се вистинити; и ти исто така ги имаш сите нешта како сведоштво дека се вистинити; и дали ќе ги негираш? Дали веруваш дека овие нешта се вистинити?

42 Ете, знам дека веруваш, но опседнат си од лажлив дух, и го отфрли Божјиот Дух за да нема место во тебе; но ѓаволот има моќ врз тебе, и тој те носи наоколу, правејќи измами за да може да ги уништи Божјите деца.

43 И сега Корихор му кажа на Алма: Ако ми покажеш знак, за да можам да бидам убеден дека постои Бог, да, покажи ми дека Тој има моќ, и тогаш ќе бидам убеден за вистината на твоите зборови.

44 Но Алма му рече: Имаше доволно знаци; дали ќе Го искушуваш твојот Бог? Дали ќе кажеш, Покажи ми знак, кога го имаш сведоштвото на сите овие твои браќа, и исто така од светите пророци? Светите писма се положени пред тебе, да, и сите овие нешта укажуваат дека постои Бог; да, дури и земјата, и сите нешта кои се врз нејзиното лице, да, и нејзиното движење, да, и исто така сите планети кои се движат во нивната вообичаена форма сведочат дека постои Врховен Создавач.

45 А сепак, дали одиш наоколу заведувајќи ги срцата на овој народ, сведочејќи им дека не постои Бог? И сепак дали ќе негираш против сите овие сведоци? И тој кажа: Да, ќе негирам, освен ако ми покажеш знак.

46 И сега се случи Алма да му каже: Ете, нажален сум поради закоравеноста на твоето срце; да, дека сѐ уште се спротивставуваш на духот на вистината, за да може твојата душа да биде уништена.

47 Но ете, подобро е твојата душа да биде загубена отколку ти да бидеш причината за доведување на многу души до уништување, со твоите лажливи и ласкави зборови; затоа ако повторно негираш, ете Бог ќе те удри, за да станеш нем, за никогаш повеќе да не ја отвориш устата, за повеќе да не го мамиш овој народ.

48 Сега Корихор му кажа: Не го негирам постоењето на Бог, но не верувам дека постои Бог; и исто така велам, дека не знаете дали постои Бог; и ако не ми покажеш знак, нема да верувам.

49 Сега Алма му кажа: Ова ќе ти го дадам како знак, да занемеш, според моите зборови; и велам, дека во името на Бог, ќе бидеш занемен, така што повеќе нема да имаш изговор.

50 Сега кога Алма ги беше кажал овие зборови, Корихор беше занемен, за да нема изговор, според зборовите на Алма.

51 И сега кога главниот судија го виде ова, ја испружи неговата рака и му напиша на Корихор, велејќи: Дали си убеден во моќта на Бог? На кого сакаше Алма да му го покаже неговиот знак? Би сакал ли тој да мачи други, за да ти покаже знак? Ете, тој ти беше покажал знак; и сега дали уште ќе го оспоруваш?

52 А Корихор ја испружи раката и напиша, велејќи: Знам дека сум нем, бидејќи не можам да зборувам; и знам дека ништо освен моќта на Бог не може да го доведе ова врз мене; да, и секогаш знаев дека постоеше Бог.

53 Но ете, ѓаволот ме измами; бидејќи се појави пред мене во форма на ангел, и ми кажа: Оди и врати го овој народ, бидејќи сите тие застранија по непознат Бог. И тој ми кажа: Не постои Бог; да, и ме поучи што да кажам. И ги поучував неговите зборови; и ги поучував бидејќи беа задоволувачки за телесниот ум; и ги поучував сѐ додека не стекнав голем успех, во толкава мера што јас навистина верував дека беа вистинити; и поради оваа причина се воздржував од вистината, сѐ додека не ја донесов оваа голема клетва врз мене.

54 Сега кога го беше кажал ова, го преколнуваше Алма да Му се моли на Бог, за да може клетвата да биде тргната од него.

55 Но Алма му кажа: Ако оваа клетва е тргната од тебе, ти повторно ќе ги заведуваш срцата на овој народ; затоа, ќе биде онака како што сака Господ.

56 И се случи клетвата да не биде тргната од Корихор; но тој беше исфрлен, и одеше наоколу од куќа до куќа да моли за неговата храна.

57 Сега веста за тоа што му се случи на Корихор беше веднаш објавена низ целата земја; да, прогласот беше испратен од главниот судија до целиот народ во земјата, објавувајќи им на оние кои беа верувале во зборовите на Корихор дека мораа брзо да се покајат, за да не дојдат истите пресуди при нив.

58 И се случи сите да бидат убедени за пакоста на Корихор; затоа сите повторно беа преобратени во Господ; и ова стави крај на беззаконието по начинот на Корихор. А Корихор одеше наоколу од куќа до куќа, молејќи за храна за неговата поддршка.

59 И се случи додека одеше помеѓу народот, да, помеѓу народот кој беше се одвоил од Нефитите и се нарекуваа Зорамити, предводени од човек чие име беше Зорам—и додека одеше помеѓу нив, ете, беше згазен и смачкан, сѐ додека не беше мртов.

60 И така го гледаме крајот на оној кој ги изопачуваше Господовите патишта; и така гледаме дека ѓаволот нема да ги поддржи неговите деца на последниот ден, туку брзо ги повлекува долу во пеколот.