Свети Писма
Алма 56


Глава 56

Хеламан му испраќа писмо на Морони, раскажувајќи за воената состојба со Ламанитите—Антипус и Хеламан извојуваат голема победа над Ламанитите—Две илјади млади синови на Хеламан се борат со зачудувачка моќ, и ниту еден од нив не е убиен. Стих 1, околу 62 п.н.е.; стихови 2–19, околу 66 п.н.е.; и стихови 20–57, околу 65–64 п.н.е.

1 И сега се случи на почетокот на триесеттата година на владеењето на судиите, на вториот ден од првиот месец, Морони прими писмо од Хеламан, изјавувајќи ги околностите на народот во тој дел на земјата.

2 И ова се зборовите кои тој ги запиша, велејќи: Мој драг љубен брате, Морони, како и во Господ така и во страдањата на нашето војување; ете, мој љубен брате, имам да ти кажам нешто во врска со нашето војување во овој дел на земјата.

3 Ете, две илјади од синовите на оние луѓе кои Амон ги доведе од земјата Нефи—сега знаеше дека ова се потомци на Ламан, кој беше најстариот син на нашиот татко Лехи;

4 Сега не треба да ти повторувам во врска со нивните традиции или нивното неверување, бидејќи знаеш во врска со сите овие нешта—

5 Затоа доволно ми е да ти кажам дека две илјади од овие млади мажи ги земаа нивните воени оружја, и би сакале јас да им бидам водач; и ние дојдовме да ја браниме нашата земја.

6 И сега исто така знаеш во врска со заветот кој нивните татковци го направија, да не ги кренат нивните воени оружја против нивните браќа да пролеат крв.

7 Но, во дваесет и шестата година, кога ги видоа нашите неволји и страдања за нив, за малку ќе го прекршеа заветот кој беа го направиле и ќе ги земеа нивните воени оружја во наша одбрана.

8 Но јас не би им дозволил да го прекршат заветот кој беа го направиле, претпоставувајќи дека Бог ќе нѐ зацврсти, толку што нема да страдаме повеќе поради исполнувањето на заклетвата која тие беа ја положиле.

9 Но ете, еве нешто во што можеме многу да се радуваме. Зашто ете, во дваесет и шестата година, јас, Хеламан, марширав на чело на овие две илјади млади мажи кон градот Јудеа, да му помогнам на Антипус, кого вие бевте го назначиле за водач над народот во тој дел на земјата.

10 И јас ги здружив моите две илјади синови, (бидејќи вредат да бидат наречени синови) со војската на Антипус, во чија сила Антипус премногу се радуваше; зашто ете, неговата војска беше намалена од Ламанитите бидејќи нивните сили беа убиле огромен број од нашите војници, заради што мораме да жалиме.

11 Сепак, можеме да се утешиме со тоа, дека тие умреа за целта на нивната земја и нивниот Бог, да, и тие се среќни.

12 И Ламанитите исто така задржаа многу затвореници, сите кои се главни капетани, бидејќи никој друг не поштедија жив. И претпоставуваме дека тие сега се во земјата Нефи; така е ако не се убиени.

13 И сега ова се градовите кои Ламанитите ги заземаа пролевајќи крв на толку многу од нашите храбри војници:

14 Земјата Манти, односно градот Манти, и градот Зезром, и градот Кумени, и градот Антипара.

15 И ова се градовите кои тие ги поседуваа кога јас пристигнав во градот Јудеа; и ги најдов Антипус и неговите војници како се трудат со нивната моќ да го утврдат градот.

16 Да, и беа очајни во телото а исто и во духот, зашто беа се бореле храбро преку ден а навечер се трудеа да ги задржат нивните градови; и така беа претрпеле големи неволји од секаков вид.

17 И сега беа одлучни да го освојат ова место или да умрат; затоа можете да претпоставите дека оваа мала сила која ја доведов со мене, да, тие мои синови, им даде големи надежи и многу радост.

18 И сега се случи кога Ламанитите видоа дека Антипус беше добил поголемо засилување на неговата војска, тие беа принудени од наредбите на Аморон да не го напаѓаат градот Јудеа, односно нас, во борба.

19 И така ние бевме благодатни од Господ; зашто ако нѐ нападнеа во оваа наша слабост можеби би можеле да ја уништат нашата мала војска; но така ние бевме зачувани.

20 На нив им беше заповедано од Аморон да ги задржат тие градови кои ги беа заземале. И така заврши дваесет и шестата година. И на почетокот на дваесет и седмата година бевме го подготвиле нашиот град и себеси за одбрана.

21 Сега посакувавме Ламанитите да нѐ нападнат нас; зашто ние не посакувавме да ги нападнеме во нивните упоришта.

22 И се случи дека чувавме шпиони наоколу, да ги следат движењата на Ламанитите, за да не поминат покрај нас преку ноќ ниту преку ден да не ги нападнат нашите други градови кои се на север.

23 Зашто знаевме дека во тие градови не беа доволно силни да ги пресретнат; затоа посакувавме, ако поминат покрај нас, да им се нафрлиме одзади, и така да ги доведеме нагоре од позадината истовремено кога ќе бидат нападнати однапред. Ние претпоставивме дека можеме да ги совладаме; но ете, бевме разочарани во оваа наша желба.

24 Тие не се осмелуваа да поминат покрај нас со целата нивна војска, ниту пак со еден дел, за да не се случи тие да не бидат доволно силни и да паднат.

25 Тие ниту се осмелија да маршираат кон земјата Зарахемла; ниту се осмелија да го преминат изворот на Сидон, кон градот Нефиха.

26 И така, со нивните сили, беа одлучни да ги задржат тие градови кои беа ги заземале.

27 И сега се случи во вториот месец на оваа година, многу залихи ни беа донесени од татковците на тие мои две илјади синови.

28 И исто така ни беа испратени две илјади војници од земјата Зарахемла. И така бевме подготвени со десет илјади војници, и залихи за нив, и исто така за нивните жени и деца.

29 И Ламанитите, така гледајќи како нашите сили се зголемуваат дневно, и залихи стигаат за наша поддршка, тие започнаа да се плашат, и започнаа да се залетаат ако беше возможно да стават крај на нашето примање залихи и засилувања.

30 Сега кога видовме дека Ламанитите започнаа да стануваат неспокојни ние посакувавме да спроведуваме план врз нив; затоа Антипус нареди дека јас треба да марширам со моите млади синови до соседен град, како да носевме залихи до соседен град.

31 И требаше да маршираме до градот Антипара, како да одевме до подалечен град, во границите покрај морскиот брег.

32 И се случи дека марширавме напред, како со нашите залихи, да одиме во тој град.

33 И се случи Антипус да маршира напред со дел од неговата војска, оставајќи го остатокот да го задржи градот. Но тој не маршираше напред додека јас не марширав напред со мојата мала војска, и се доближив до градот Антипара.

34 И сега, во градот Антипара беше сместена најсилната војска на Ламанитите; да, најбројната.

35 И се случи кога тие беа известени од нивните шпиони, истапија со нивната војска и маршираа против нас.

36 И се случи да избегаме пред нив, на север. И така ја тргнавме најмоќната војска на Ламанитите;

37 Да, и тоа на значајна далечина, толку што кога тие видоа дека војската на Антипус ги следеше, со нивната моќ, тие не се завртија на десно ниту на лево, туку го следеа нивниот марш во права насока по нас; и, како што претпоставуваме, намерата им беше да нѐ убијат пред Антипус да ги престигне, и ова за да не бидат опколени од нашиот народ.

38 И сега Антипус, гледајќи ја нашата опасност, го забрза маршот на неговата војска. Но ете, беше ноќ; затоа тие не нѐ престигнаа, ниту Антипус ги престигна; затоа преспавме преку ноќта.

39 И се случи пред зората на утрото, ете, Ламанитите нѐ следеа. Сега не бевме доволно силни да се бориме со нив; да, јас не би дозволил моите млади синови да паднат во нивни раце; затоа го продолживме нашиот марш, и тргнавме да маршираме во дивината.

40 Сега тие не се осмелуваа да се завртат на десно ниту на лево за да не бидат опколени; ниту ќе се завртам на десно ниту на лево за да не ме престигнат, и да не можевме да им се спротивставиме, туку да бидеме убиени, и тие би побегнале; и така побегнавме цел ден во дивината, дури сѐ додека не се стемни.

41 И се случи повторно, кога дојде утринската светлина ги видовме Ламанитите како се приближуваат, и избегавме пред нив.

42 Но се случи тие да не нѐ следат далеку пред да застанат; и беше наутро на третиот ден од седмиот месец.

43 И сега, дали тие беа престигнати од Антипус не знаевме, но им кажав на моите војници: Ете, не знаеме но тие застанаа со причина ние да ги нападнеме, за да нѐ фатат во нивната замка;

44 Затоа што велите, синови мои, дали ќе се борите против нив?

45 И сега ти велам, мој љубен брату Морони, дека никогаш не сум видел толку голема храброст, не, не помеѓу сите Нефити.

46 Зашто како што секогаш ги нарекував моите синови (бидејќи сите тие беа многу млади) така и тие ми рекоа: Татко, ете нашиот Бог е со нас, и Тој нема да дозволи да изгубиме; затоа да тргнеме напред; не би ги убиле нашите браќа ако нѐ остават на мира; затоа да одиме, за да не ја совладаат војската на Антипус.

47 Сега тие никогаш не се бореле, сепак не се плашеа од смртта; и размислуваа за слободата на нивните татковци повеќе од тоа што размислуваа за нивните животи; да, беа поучени од нивните мајки, дека ако не се сомневаат, Бог ќе ги избави.

48 И тие ми ги повторија зборовите на нивните мајки, велејќи: Не се сомневаме дека нашите мајки го знаеја тоа.

49 И се случи јас да се вратам со моите две илјади против овие Ламанити кои нѐ следеа. И сега ете, војските на Антипус беа ги престигнале, и ужасна борба започна.

50 Војската на Антипус беше изморена, поради нивниот долг марш за толку кратко време, за малку ќе паднеше во рацете на Ламанитите; и ако не бев се вратил со моите две илјади тие ќе ја оствареа нивната цел.

51 Зашто Антипус падна од мечот, и многу од неговите водачи, поради нивната измореност, што беше предизвикана од брзината на нивниот марш—затоа војниците на Антипус, збунети поради падот на нивните водачи, започнаа да се предаваат пред Ламанитите.

52 И се случи Ламанитите да се охрабрат, и да започнат да ги следат; и така Ламанитите ги следеа со голема одлучност кога Хеламан ги нападна од позади со неговите две илјади, и започна прекумерно да ги убива, толку што целата војска на Ламанитите застана и се заврте кон Хеламан.

53 Сега кога војниците на Антипус видоа дека Ламанитите се тргнаа од нив, ги собраа нивните војници и ги нападнаа Ламанитите од позади.

54 И сега се случи ние, народот на Нефи, народот на Антипус, и јас со моите две илјади, да ги опколиме Ламанитите, и да ги убиеме; да, толку што беа приморани да ги предадат нивните воени оружја а исто и нив самите како воени затвореници.

55 И сега се случи кога тие ни се предадоа, ете, јас ги броев тие млади мажи кои се бореа со мене, плашејќи се да не бидат многу од нив убиени.

56 Но ете, на моја голема радост, ниту една душа од нив не паднала на земја; да, и тие се бореа како да е со силата Божја; да, никогаш не било познато војници да се борат со таква зачудувачка сила; и со таква голема моќ им се нафрлија на Ламанитите, што ги исплашија; и за оваа причина Ламанитите се предадоа како воени затвореници.

57 И штом немавме место за нашите затвореници, за да можеме да ги чуваме од војските на Ламанитите, затоа ги испративме во земјата Зарахемла, и дел од оние војници на Антипус кои не беа убиени, со нив; а остатокот го земав и го здружив со моите млади Амонити, и продолживме со нашиот марш назад во градот Јудеа.