Свети Писма
Алма 7


Зборовите на Алма кои тој ги пренесе на народот во Гидеон, според неговиот сопствен запис.

Ја опфаќа глава 7.

Глава 7

Христос ќе биде роден од Марија—Тој ќе се ослободи од оковите на смртта и ќе ги носи гревовите на Неговиот народ—Оние кои се покајуваат, се крстени, и ги одржуваат заповедите ќе имаат вечен живот—Нечистотија не може да го наследи Божјото царство—Покорност, вера, надеж и милосрдие се потребни. Околу 83 п.н.е.

1 Ете мои љубени браќа, гледате дека ми беше дозволено да дојдам кај вас, затоа ќе се обидам да ви се обратам на мојот јазик; да, со сопствената уста, гледајќи дека ова е прв пат да ви говорам зборови од мојата уста, јас бев целосно ограничен на судиската столица, имав многу работа и не можев да дојдам кај вас.

2 И дури не би можел да дојдам сега ако судиската столица не беше дадена на друг, да владее на мое место; и Господ со многу милост ми овозможи да дојдам кај вас.

3 И ете, јас дојдов имајќи големи надежи и голема желба да видам дека вие бевте се понизиле пред Бог, и бевте продолжиле да се молите за Неговата благодат, за да видам дека вие сте невини пред Него, да видам дека не бевте во страшна околност во каква што беа нашите браќа во Зарахемла.

4 Но благословено нека биде името Божјо, кое Тој ми даде да знам, да, ми ја даде огромната радост да знам дека тие се повторно воспоставени по патот на Неговата праведност.

5 И јас верувам, според Духот на Бог кој е во мене, дека и јас ќе се радувам и за вас; сепак не посакувам мојата радост за вас да дојде преку многу неволји и тага кои ги имав за браќата во Зарахемла, зашто ете, мојата радост за нив дојде после пробивање низ многу неволји и тага.

6 Но ете, јас верувам дека вие не сте во состојба на толкаво неверување како што беа вашите браќа; јас верувам дека вие не сте занесени во гордоста на своите срца; да, јас верувам дека вие не сте ги насочиле вашите срца кон богатствата и суетните нешта на светот; да, јас верувам дека вие не обожавате идоли, туку дека го обожавате вистинскиот и жив Бог, и дека со нетрпение го очекувате опростувањето на вашите гревови, со вечна верба, која ќе дојде.

7 Зашто ете, ви кажувам дека има многу нешта што ќе дојдат; и ете, има едно нешто што е поважно од сите—зашто ете, не е далеку времето кога Искупителот ќе живее и ќе дојде помеѓу Неговиот народ.

8 Ете, не кажувам дека Тој ќе дојде кај нас за време на Неговото живеење во Неговиот смртен шатор; зашто ете, Духот не ми кажа дека така ќе биде. Сега што се однесува до тоа не знам; но волку знам, дека Господ Бог има моќ да ги направи сите нешта кои се според Неговото слово.

9 Но ете, Духот волку ми кажа, велејќи: Довикај го овој народ, велејќи—Покајте се, и подгответе го патот за Господ и чекорете по Неговите патишта, кои се прави; зашто ете, небесното царство е близу, и Божјиот Син доаѓа на лицето на земјата.

10 И ете, Тој ќе биде роден од Марија, во Ерусалим која е земјата на нашите предци, таа ќе биде девица, скапоцен и одбран сад, која ќе биде засенета и ќе затрудни преку моќта на Светиот Дух, и ќе роди син, да, и тоа Божјиот Син.

11 И Тој ќе продолжи, трпејќи болки и неволји и искушенија од секаков вид; и тоа за да се исполни словото кое вели дека Тој ќе ги преземе врз Него болките и болестите на Неговиот народ.

12 И Тој ќе ја преземе врз Него смртта, за Тој да може да ги ослободи оковите на смртта кои го врзуваат Неговиот народ; и Тој ќе ги преземе врз Него нивните слабости, за да се исполни со милост Неговата утроба, според телото, за Тој да може да знае според телото како да му помогне на Неговиот народ според нивните слабости.

13 Сега Духот ги знае сите нешта; сепак Божјиот Син страдаше според телото за Тој да ги преземе врз Него гревовите на Неговиот народ, за Тој да ги избрише нивните престапи преку моќта на Неговото избавување; и сега ете, ова е сведоштвото кое е во мене.

14 Сега ви кажувам дека мора да се покаете, и повторно да бидете родени; зашто Духот кажа дека ако не сте родени повторно не можете да го наследите небесното царство; затоа дојдете и крстете се во покајание, за да можете да бидете исперени од вашите гревови, за да можете да имате вера во Божјото Јагне, кое ги однесе гревовите на светот, кое е моќно да спасува и да исчисти секаква неправда.

15 Да, ви кажувам дојдете и не плашете се, и отфрлете ги на страна сите гревови, кои лесно ве опседнуваат, кои ве врзуваат до уништување, да, дојдете и излезете, и покажете му на вашиот Бог дека сте спремни да се покаете за вашите гревови и да влезете во завет со Него да ги одржувате Неговите заповеди, и да му го посведочите на Него овој ден одејќи во водите за крштавање.

16 И кој и да го направи ова, и ги одржува заповедите на Бог од сега па натаму, истиот ќе се сеќава дека му кажувам, да, ќе се сеќава дека му кажав, дека ќе има вечен живот, според сведоштвото на Светиот Дух, кој сведочи во мене.

17 И сега мои љубени браќа, дали им верувате на овие нешта? Ете, ви кажувам, да, знам дека им верувате; и начинот на кој знам дека им верувате е преку прикажувањето на Духот кој е во мене. И сега бидејќи вашата вера е силна во поглед на тоа, да, во поглед на нештата кои ги кажав, мојата радост е голема.

18 Зашто како што ви кажав од почетокот, дека многу сакав да не бевте во состојба на дилема како вашите браќа, така открив дека моите желби беа остварени.

19 Зашто јас согледувам дека вие сте на патот на праведноста; согледувам дека сте на патот кој води до царството Божјо; да, согледувам дека ги правите Неговите патишта прави.

20 Согледувам дека ви е познато на вас, преку сведочењето на Неговото слово, дека Тој не може да чекори по кривите патишта, ниту Тој отстапува од тоа што Тој го кажал ниту пак кај Него има степен за вртење од десно на лево, ниту пак од она што е правилно кон она што е погрешно; затоа, Неговата насока е еден вечен круг.

21 И Тој не живее во храмови кои не се свети; ниту пак нечистотијата или пак нешто што е нечисто може да биде примено во царството Божјо; затоа ви велам дека времето ќе дојде, да, и ќе биде на последниот ден, дека оној кој е гнасен ќе остане во неговата нечистотија.

22 И сега, мои љубени браќа, ви ги кажав овие нешта за да можам да ве разбудам до чувство на вашата должност кон Бог, за да можете да чекорите безгрешни пред Него, за да можете да чекорите по светиот ред на Бог, по кој бевте примени.

23 И сега, би сакал да бидете понизни, и да бидете покорни и племенити; лесно да се смилувате; исполнети со трпение и макотрпност; да бидете воздржани во сите нешта; бидете трудољубиви во одржување на заповедите на Бог во секое време; прашувајќи за сите нешта што ви требаат, и духовни и временски; секогаш заблагодарувајќи Му се на Бог за сите нешта што сте ги примиле.

24 И гледајте да имате вера, надеж, и милосрдие, и тогаш ќе изобилувате со добри дела засекогаш.

25 И Господ нека ве благослови, и ги чува вашите облеки чисти, за да можете на крај да седнете со Авраам, Исак, и Јаков, и светите пророци кои постојат од основањето на светот, имајќи ги вашите облеки чисти како што нивните облеки се чисти, во небесното царство, за да не излезете повеќе.

26 И сега мои љубени браќа, ви ги кажав овие зборови на вас според Духот кој сведочи во мене; и мојата душа премногу се радува, поради преголемата трудољубивост и внимание кои му ги дадовте на моето слово.

27 И сега, нека мирот Божји почива врз вас, и врз вашите куќи и земји, и врз вашите стада и крда, и врз сѐ што поседувате, врз вашите жени и вашите деца, според вашата вера и добри дела, од сега натаму и засекогаш. И така јас говорев. Амин.