Свети Писма
Алма 55


Глава 55

Морони одбива да размени затвореници—Ламанитските стражари се намамени да се опијанат, и Нефитските затвореници се ослободени—Градот Гид е освоен без крвопролевање. Околу 63–62 п.н.е.

1 Сега се случи кога Морони беше го примил ова писмо да стане полут, бидејќи знаеше дека Аморон совршено ја знае својата измама; да, знаеше дека Аморон знае дека не беше праведна причина што го натера да води војна против народот на Нефи.

2 И тој кажа: Ете, јас нема да разменам затвореници со Аморон освен ако тој не ја повлече неговата цел, како што изјавив во моето писмо; бидејќи јас нема да му одобрам да има повеќе моќ од таа што ја има.

3 Ете, јас го знам местото на кое Ламанитите го чуваат мојот народ кои ги земаа за затвореници; и штом Аморон нема да ми го одобри писмото, ете, ќе му приредам според моите зборови; да, ќе барам смрт помеѓу нив додека не молат за мир.

4 И сега се случи кога Морони беше ги кажал овие зборови, тој нареди да се направи претрес помеѓу неговите војници, дека можеби би можел помеѓу нив да пронајде човек кој беше потомок на Ламан.

5 И се случи да пронајдат еден, чие име беше Ламан; и тој беше еден од царските слуги кој беше убиен од Амаликија.

6 Сега Морони нареди Ламан и мал број од неговите војници да тргнат кај стражарите кои ги нагледуваа Нефитите.

7 Сега Нефитите беа чувани во градот Гид; затоа Морони го назначи Ламан и нареди мал број од неговите војници да оди со него.

8 И кога падна ноќ Ламан тргна кај стражарите кои беа над Нефитите, и ете, тие го видоа дека доаѓа и го повикаа; но тој им кажа: Не плашете се; ете, јас сум Ламанит. Ете, избегавме од Нефитите, и тие спијат; и ете ние земавме од нивното вино и го донесовме со нас.

9 Сега кога Ламанитите ги слушнаа овие зборови, тие го примија со радост; и му кажаа: Дај ни од твоето вино, да можеме да пиеме; мило ни е што земавте вино бидејќи сме изморени.

10 Но Ламан им кажа: Да го чуваме нашето вино додека да одиме во борба против Нефитите. Но ова кажување ги направи само пожелни да пијат од виното;

11 Зашто, кажаа тие: Изморени сме, затоа да земеме од виното, и за кратко време ќе добиеме вино за нашите следувања, кои ќе нѐ зацврстат да ги нападнеме Нефитите.

12 И Ламан им кажа: Можете да правите како што сакате.

13 И се случи тие слободно да си земат од виното; и беше со пријатен вкус, затоа уште послободно си земаа; и беше силно, подготвено да биде силно.

14 И се случи да пијат и да бидат весели, и за кратко време сите беа пијани.

15 И сега кога Ламан и неговите војници видоа дека сите беа пијани, и беа во длабок сон, се вратија кај Морони и му рекоа за сите нешта кои беа се случиле.

16 И сега ова беше според планот на Морони. И Морони ги подготви неговите војници со воени оружја; и тргна во градот Гид, додека Ламанитите беа во длабок сон и пијани, и им фрли на сите затвореници воени оружја, толку што сите беа вооружени;

17 Да, дури и на нивните жени, и на сите нивни деца, онолку колку што можеа да носат воени оружја, кога Морони беше ги вооружал сите тие затвореници; и сите тие нешта беа направени во длабока тишина.

18 Но ако тие ги разбудија Ламанитите, ете беа пијани и Нефитите ќе можеа да ги убијат.

19 Но ете, ова не беше желбата на Морони; тој не се воодушевуваше во убиство или крвопролевање, туку се воодушевуваше во спасувањето на неговиот народ од уништување, и за оваа причина не може да си нанесе неправда, нема да им се нафрли на Ламанитите и да ги уништи додека беа пијани.

20 Но тој ги стекна неговите желби; зашто беше ги вооружал тие затвореници од Нефитите кои беа внатре во градскиот ѕид, и им даде моќ да стекнат посед врз оние делови кои беа внатре во ѕидовите.

21 И потоа тој нареди војниците кои беа со него малку да се повлечат од нив, и да ги опколат Ламанитските војски.

22 Сега ете ова беше сторено за време на ноќта, така што кога Ламанитите се разбудија наутро, видоа дека се опколени од Нефитите однадвор, и дека нивните затвореници беа вооружени одвнатре.

23 И така тие видоа дека Нефитите имаа моќ врз нив; и во овие околности видоа дека не беше целисходно да се борат со Нефитите; затоа нивните главни капетани ги бараа нивните воени оружја, и ги донесоа и ги фрлија пред нозете на Нефитите, преколнувајќи за милост.

24 Сега ете, ова беше желбата на Морони. Тој ги зема како воени затвореници, и нареди сите затвореници да бидат ослободени, кои беа Нефити; и тие му се придружија на војската на Морони, и беа големо засилување за неговата војска.

25 И се случи тој да ги натера Ламанитите, кои ги зема за затвореници, да започнат да работат за зацврстување на тврдините околу градот Гид.

26 И се случи кога беше го утврдил градот Гид, според неговите желби, тој нареди неговите затвореници да бидат одведени во градот Изобилство; и исто така го чуваше тој град со премногу голема сила.

27 И се случи да го сторат тоа, без оглед на сите сплетки од Ламанитите, тие ги чуваа и заштитуваа сите затвореници кои беа ги земале, и исто така ја задржаа сета земја и предноста која повторно ја стекнаа.

28 И се случи Нефитите да започнат повторно да победуваат, и да ги повратат нивните права и привилегии.

29 Многу пати Ламанитите се обидуваа да ги опколат за време на ноќта, но во овие обиди изгубија многу затвореници.

30 И многу пати тие се обидуваа да им го послужат своето вино на Нефитите, за да ги уништат со отров или со пијаност.

31 Но ете, не беа бавни за да се сетат на Господ нивниот Бог во ова нивно време на неволји. Тие не можеа да бидат фатени во нивните замки; да, не би земале од нивното вино, освен ако прво не дадоа на некои од Ламанитските затвореници.

32 И тие беа така претпазливи никаков отров да не им биде послужен; бидејќи ако нивното вино би отруло Ламанит исто така би отруло Нефит; и така ги пробаа сите нивни пијалаци.

33 И сега се случи да биде целисходно за Морони да направи подготовки да го нападне градот Мориантон; зашто ете, Ламанитите, според нивните напори, беа го утврдиле градот Мориантон додека не стана огромно упориште.

34 И тие постојано доведуваа нови сили во тој град, и исто така нови намирници со залихи.

35 И така заврши дваесет и деветата година од владеењето на судиите врз народот на Нефи.