Свети Писма
Алма 52


Глава 52

Аморон го наследува Амаликија како цар на Ламанитите—Морони, Теанкум, и Лехи ги водат Нефитите во победничка војна против Ламанитите—Градот Мулек е преземен, а Јаков Зорамитот е убиен. Околу 66–64 п.н.е.

1 И сега, се случи во дваесет и шестата година од владеењето на судиите врз народот на Нефи, ете, кога Ламанитите се разбудија на првото утро во првиот месец, ете, го пронајдоа Амаликија мртов во неговиот шатор; и исто така видоа дека Теанкум беше спремен да им приреди борба тој ден.

2 И сега, кога Ламанитите го видоа ова тие беа исплашени; и го прекинаа нивниот план да маршираат во земјата северно, и се повлекоа со сета војска во градот Мулек, и бараа заштита во нивните тврдини.

3 И се случи братот на Амаликија да биде назначен за цар врз народот; и неговото име беше Аморон; така царот Аморон, братот на царот Амаликија, беше назначен да владее на негово место.

4 И се случи тој да нареди неговиот народ да ги одржува тие градови, кои тие ги заземаа со крвопролевање; бидејќи не беа освоиле ниту еден град освен што изгубија многу крв.

5 И сега, Теанкум виде дека Ламанитите беа одлучни да ги задржат тие градови кои беа ги заземале, и оние делови од земјата кои ги стекнале; и исто така гледајќи ја тежината на нивиот број, Теанкум помисли дека не е целисходно да се обиде да ги нападне во нивните тврдини.

6 Туку ги држеше неговите војници наоколу, како да се подготвуваше за војна; да, и навистина се подготвуваше да се одбрани против нив, поставувајќи ѕидови наоколу и подготвувајќи засолништа.

7 И се случи така да се подготвува за војна додека Морони не беше испратил голем број на војници да ја засилат неговата војска.

8 И Морони исто така му испрати наредби дека треба да ги задржи сите затвореници кои паднаа во негови раце; бидејќи како што Ламанитите земаа многу затвореници, тој требаше да ги задржи сите Ламанитски затвореници како откуп за оние кои Ламанитите беа ги земале.

9 И тој исто така му испрати наредби на тој дека треба да ја утврди земјата Изобилство, и да го обезбеди тесниот премин кој води до земјата на север, за Ламанитите да не ја стекнат таа точка и да имаат моќ да ги притиснат од секоја страна.

10 И Морони исто така му испрати, посакувајќи да биде верен во задржување на тој дел од земјата, и дека ќе ја бара секоја можност за да ги казни Ламанитите во тој дел, колку што е во негова моќ, дека можеби некако може преку тактика повторно да ги преземе тие градови кои беа одземени од нивни раце; и дека тој исто така ќе ги зацврсти и утврди градовите наоколу, кои не беа паднале во рацете на Ламанитите.

11 И тој исто така му кажа, јас ќе дојдам при тебе, но ете, Ламанитите нѐ напаѓаат на границите на земјата од западното море; и ете, одам против нив, затоа не можам да дојдам при тебе.

12 Сега, царот (Аморон) си замина од земјата Зарахемла, и беше ја известил царицата за смртта на брат му, и се собраа заедно во голема бројка на војници, и беа марширале напред против Нефитите на гранците на западното море.

13 И така тој настојуваше да ги притисне Нефитите, и да повлече дел од нивните сили во тој дел на земјата, додека им заповедаше на оние кои ги остави да ги заземат градовите кои ги поседуваше, исто така да ги притиснат Нефитите покрај границите на источното море, и да ги заземат нивните земји колку што им беше во моќта, според моќта на нивните војски.

14 И така беа Нефитите во тие опасни околности на крајот од дваесет и шестата година од владеењето на судиите врз народот на Нефи.

15 Но ете, се случи во дваесет и седмата година од владеењето на судиите, Теанкум, преку наредба на Морони—кој беше воспоставил војски да ги заштитуваат јужните и западните граници на земјата, и беше го започнал неговиот марш кон земјата Изобилство, за да може да му помогне на Теанкум со неговите војници во преземање на градовите кои беа ги загубиле—

16 И се случи Теанкум да беше примил наредби да го нападне градот Мулек, и да го преземе ако беше возможно.

17 И се случи Теанкум да направи подготовки за да го нападне градот Мулек, и да маршира напред со неговата војска против Ламанитите; но тој виде дека е невозможно да ги совлада додека беа во нивните тврдини; затоа ги прекина неговите намери и се врати во градот Изобилство, да го чека доаѓањето на Морони, за да може да добие сила за неговата војска.

18 И се случи Морони да пристигне со неговата војска во земјата Изобилство, во подоцниот крај на дваесет и седмата година од владеењето на судиите врз народот на Нефи.

19 И на почетокот на дваесет и осмата година, Морони и Теанкум и многу од главните капетани да одржат воен совет—што да направат за да ги натераат Ламанитите да излезат на борба против нив; или преку некои начини да можат да ги намамат од нивните упоришта, за да стекнат предност врз нив и повторно да го земат градот Мулек.

20 И се случи да испратат пратеници кај војската на Ламанитите, кои го штитеа градот Мулек, кај нивниот водач, чие име беше Јаков, посакувајќи тој да излезе со неговите војски да ги пресретнат на рамнините помеѓу двата града. Но ете, Јаков, кој беше Зорамит, не излезе со неговата војска да ги пресретне на рамнините.

21 И се случи Морони, немајќи надеж да ги сретне на неутрални полиња, тој се реши на план за да може да ги намами Ламанитите надвор од нивните упоришта.

22 Затоа тој нареди Теанкум да земе мал број на војници и да маршира долу во близина на морскиот брег; а Морони и неговата војска, преку ноќ, маршираа во дивината, западно од градот Мулек; и така, утредента, кога стражарите на Ламанитите беа го откриле Теанкум, истрчаа и му кажаа на Јаков, нивниот водач.

23 И се случи војските на Ламанитите да маршираат против Теанкум, претпоставувајќи по нивниот број да го совладаат Теанкум поради нивната мала бројка. И штом Теанкум ги виде војските на Ламанитите напаѓајќи го започна да се повлекува долу покрај морскиот брег, на север.

24 И се случи кога Ламанитите видоа дека тој започна да бега, собраа храброст и ги следеа со енергичност. И додека Теанкум така ги истеруваше Ламанитите кои ги следеа залудно, ете, Морони нареди дел од неговата војска кои беа со него да маршираат во градот, и да го заземат.

25 И така тие направија, и ги заклаа сите оние кои беа оставени да го заштитуваат градот, да, сите оние кои не ги предадоа нивните воени оружја.

26 И така Морони го доби поседот врз градот Мулек со дел од неговата војска, додека маршираше со остатокот да ги пресретне Ламанитите кога ќе се вратат од потерата по Теанкум.

27 И се случи Ламанитите да го следат Теанкум додека не стигнаа покрај градот Изобилство, и беа пресретнати од Лехи и мала војска, која беше оставена да го заштитува градот Изобилство.

28 И сега ете, кога главните капетани на Ламанитите го здогледаа Лехи со неговата војска како ги напаѓа, тие избегаа со голема збунетост, за можеби да не го добијат градот Мулек пред Лехи да ги престигне; бидејќи беа изморени од нивниот марш, а војниците на Лехи беа свежи.

29 Сега Ламанитите не знаеја дека Морони беше во нивната позадина со неговата војска; и сѐ од што се плашеа беше Лехи и неговите војници.

30 Сега Лехи не сакаше да ги престигне додека не го пресретнат Морони и неговата војска.

31 И се случи пред Ламанитите да се повлечат далеку, тие беа опколени од Нефитите, од војниците на Морони од едната страна, и од луѓето на Нефи од другата, сите кои беа свежи и полни со сила; но Ламанитите беа изморени поради нивниот долг марш.

32 И Морони им заповеда на неговите војници да им се нафрлат додека не ги предадат нивните воени оружја.

33 И се случи Јаков, како водач, исто така Зорамит, и имајќи несовладлив дух, ги водеше Ламанитите во борба со огромен бес против Морони.

34 Морони беше во нивниот правец на марш, затоа Јаков беше одлучен да ги убие и да го пресече неговиот пат до градот Мулек. Но ете, Морони и неговите војници беа помоќни; затоа не се предаваа пред Ламанитите.

35 И се случи тие да се бореа на двете страни со огромен бес; и имаше многу убиени на двете страни; да, и Морони беше ранет а Јаков беше убиен.

36 А Лехи ги притисна од нивната позадина со таков бес со неговите силни војници, така што Ламанитите во позадината ги предадоа нивните воени оружја; а остатокот од нив, многу збунети, не знаеја каде да одат или да нападнат.

37 Сега Морони гледајќи ја нивната збунетост, тој им кажа: Ако ги донесете вашите воени оружја и ги предадете, ете ќе се воздржиме од пролевање на вашата крв.

38 И се случи кога Ламанитите беа ги слушнале овие зборови, нивните главни капетани, сите оние кои не беа уништени, истапија и ги фрлија нивните воени оружја пред нозете на Морони, и исто така им заповедаа на нивните војници да го сторат истото.

39 Но ете, имаше многу кои не го сторија тоа; а оние кои не ги предаваа своите мечеви беа одведени и врзани, и нивните воени оружја им беа одземени, и беа принудени да маршираат со нивните браќа во земјата Изобилство.

40 И сега бројот на затворениците кои беа одведени го надминуваше бројот на оние кои беа убиени, да, повеќе од оние кои беа убиени на двете страни.