Свети Писма
Алма 49


Глава 49

Ламанитите што напаѓаат не можат да ги освојат утврдените градови на Амониха и Ное—Амаликија Го проколнува Бог и се заколнува дека ќе ја пие крвта на Морони—Хеламан и неговите браќа продолжуваат да ја зацврстуваат Црквата. Околу 72 п.н.е.

1 И сега се случи во единаесеттиот месец од деветнаесеттата година, на десеттиот ден од месецот, војските на Ламанитите беа видени како се приближуваат кон земјата Амониха.

2 И ете, градот беше обновен, и Морони беше поставил војска на границите на градот, и беа нафрлиле земја наоколу за да се заштитат од стрелите и камењата на Ламанитите; зашто ете, се бореа со камења и со стрели.

3 Ете, реков дека градот Амониха беше обновен. Ти велам, да, дека беше делумно обновен; и бидејќи Ламанитите беа го уништиле еднаш поради беззаконието на народот, тие претпоставуваа дека повторно ќе биде лесен плен за нив.

4 Но ете, колку големо беше нивното разочарување; зашто ете, Нефитите беа ископале гребен од земја околу нив, што беше толку висок што Ламанитите не можеа да ги фрлаат нивните камења и стрели за да ги погодат, ниту можеа да дојдат кај нив освен преку влезот.

5 Сега во ова време главните капетани на Ламанитите беа премногу запрепастени, поради мудроста на Нефитите во подготвување на нивните обезбедени места.

6 Сега водачите на Ламанитите беа претпоставиле, поради големината на нивните броеви, да, претпоставија дека треба да бидат привилегирани да дојдат на нив како што направија овде; да, и исто така се подготвија со штитови, и со градни оклопи; и исто така се подготвија со кожни облеки, да, многу дебели облеки да ја покријат нивната голотија.

7 И така подготвени тие претпоставуваа дека лесно ќе ги совладаат и потчинат нивните браќа во јаремот на ропството, односно ќе ги убијат и масакрираат според нивно задоволство.

8 Но ете, на нивно најголемо изненадување, тие беа подготвени за нив, на начин кој никогаш не бил познат помеѓу децата на Лехи. Сега беа подготвени за Ламанитите, да се борат според начинот на упатствата на Морони.

9 И се случи Ламанитите, односно Амаликитите, беа премногу запрепастени на нивниот начин на подготовка за војна.

10 Сега, ако царот Амаликија беше се симнал и од земјата Нефи, на чело на неговата војска, можеби тој би наредил Ламанитите да ги нападнат Нефитите во градот Амониха; зашто ете, тој не се грижеше за крвта на неговиот народ.

11 Туку ете, Амаликија самиот не се симна да се бори. И ете, неговите главни капетни не се осмелуваа да ги напаѓаат Нефитите во градот Амониха, бидејќи Морони го промени водењето на работите кај Нефитите, толку што Ламанитите беа разочарани на нивните места за повлекување и не можеа да ги стигнат.

12 Затоа се повлекоа во дивината, и го земаа нивниот камп и маршираа кон земјата Ное, претпоставувајќи дека тоа е наредното најдобро место за нив да тргнат на Нефитите.

13 Зашто тие не знаеја дека Морони беше ги утврдил, односно дека беше изградил тврдини за безбедност, за секој град во секоја земја наоколу; затоа, тие маршираа напред во земјата Ное со цврста одлучност; да, нивните главни капетани истапија напред и се заколнаа дека ќе го уништат народот од тој град.

14 Но ете, на нивно изненадување, градот Ное, што сѐ дотогаш беше слабо место, сега, преку начините на Морони, стана силен, да, дури да ја надмина силата на градот Амониха.

15 И сега, ете, ова беше мудрост на Морони; бидејќи тој беше претпоставил дека тие би биле исплашени во градот Амониха; и бидејќи градот Ное овде беше најслабиот дел од земјата, затоа би марширале таму да се борат; и така беше според неговите желби.

16 И ете, Морони беше го назначил Лехи да биде главен капетан врз војниците во тој град; и беше истиот тој Лехи кој се бореше против Ламанитите во долината на исток од реката Сидон.

17 И сега ете се случи, дека кога Ламанитите дознаа дека Лехи го командува градот повторно беа разочарани, бидејќи се плашеа од Лехи премногу; сепак нивните главни капетани беа дале заклетва да го нападнат градот; затоа, ги доведоа нивните војски.

18 Сега ете, Ламанитите не можеа да влезат во нивните обезбедени тврдини на ниту еден друг начин освен преку влезот, поради висината на гребенот кој беше натрупан, и длабочината на ровот кој беше ископан, освен преку влезот.

19 И така Нефитите беа подготвени да ги уништат сите тие кои би се обиделе да се качат за да влезат во тврдината на било кој друг начин, фрлајќи камења и стрели врз нив.

20 Така беа подготвени, да, група од нивните најсилини војници, со нивните мечеви и прачки, да ги удрат сите оние кои ќе се обидат да влезат во нивното обезбедено место преку влезот; и така беа подготвени да се бранат против Ламанитите.

21 И се случи капетаните на Ламанитите да ги доведат нивните војски пред влезот, и започнаа да се борат со Нефитите, да влезат во нивните обезбедени места; но ете, од време на време беа протерувани, толку што беа заклани во огромен колеж.

22 Сега кога видоа дека не можат да добијат моќ врз Нефитите преку преминот, започнаа да ги копаат нивните земјени гребени за да можат да поминат кај нивните војски, за да имат еднакви услови да се борат; но ете; во овие обиди беа збришани од камењата и стрелите кои беа фрлени на нив; и наместо да ги исполнат нивните ровови рушејќи ги земјените ровови, тие беа исполнети во мера со нивните мртви и ранети тела.

23 Така Нефитите ја имаа сета моќ врз нивните непријатели; и така Ламанитите се обидуваа да ги уништат Нефитите додека сите нивни капетани не беа убиени; да, и повеќе од илјадници Ламанити беа убиени; додека, од друга страна, немаше ниту една душа од Нефитите која беше убиена.

24 Имаше околу педесет кои беа ранети, кои беа изложени на стрелите на Ламанитите преку преминот, но беа заштитени со нивните штитови, и нивните градни оклопи, и нивните шлемови, толку многу што нивните рани беа на нивните нозе, од кои многу беа тешки.

25 И се случи, кога Ламанитите видоа дека нивните главни капетани беа убиени тие избегаа во дивината. И се случи да се вратат во земјата на Нефи, да го известат нивниот цар, Амаликија, кој беше Нефит од раѓање, во врска со оваа голема загуба.

26 И се случи да биде премногу лут на неговиот народ, бидејќи не беше ја стекнал неговата желба врз Нефитите; не беше ги подложил на јаремот на ропството.

27 Да, тој беше премногу гневен, и го проколна Бог, и исто така Морони, заколнувајќи се дека ќе му ја испие крвта; и тоа бидејќи Морони беше ги одржувал заповедите на Бог во подготовка за безбедноста на неговиот народ.

28 И се случи, од друга страна, народот на Нефи му се заблагодари на Господ нивниот Бог, поради Неговата неспоредлива моќ за избавување од рацете на нивните непријатели.

29 И така заврши деветнаесеттата година од владеењето на судиите врз народот на Нефи.

30 Да, и постоеше постојан мир помеѓу нив, и премногу големо напредување во црквата поради нивното внимание и трудољубивост кои му ги посветија на Божјото слово, кое им беше објавено преку Хеламан, и Шиблон, и Кориантон, и Амон и неговите браќа, да, и од сите оние кои беа одредени преку светиот ред на Бог, крстени на покајание, и испратени да проповедаат помеѓу народот.