Свети Писма
Алма 58


Глава 58

Хеламан, Гид, и Теомнер го заземаат градот Манти со тактика—Ламанитите се повлекуваат—Синовите на народот на Амон се зачувани додека стојат цврсто во одбрана на нивната слобода и вера. Околу 63–62 п.н.е.

1 И ете, сега се случи нашата наредна цел да биде да го заземеме градот Манти; но ете, не постоеше начин да ги одведеме надвор од градот со нашите мали чети. Зашто ете, тие запомнија што направивме овде; затоа не можевме да ги намамиме од нивните упоришта.

2 И тие беа многу побројни од нашата војска што не се осмеливме да ги нападнеме во нивните упоришта.

3 Да, и стана целисходно да ги вработиме нашите војници да ги одржуваат тие делови на земјата кои ги стекнавме повторно; затоа стана целисходно да чекаме, за да можеме да примиме повеќе сила од земјата Зарахемла и исто така нови залихи со намирници.

4 И се случи јас така да испратам пратеници кај управникот на нашата земја, да го запознам со околностите на нашиот народ. И се случи да чекаме да добиеме залихи и сила од земјата Зарахемла.

5 Но ете, ова ни донесе малку корист; бидејќи и Ламанитите добиваа голема сила од ден на ден, и исто така многу залихи; и такви беа нашите околности во тоа време.

6 И Ламанитите јуришаа на нас од време на време, решавајќи со тактика да нѐ уништат; сепак не можевме да дојдеме да се бориме со нив, поради нивните засолниште и нивните упоришта.

7 И се случи да чекаме во овие тешки услови за време од многу месеци, дури и кога за малку ќе умревме поради недостатокот на храна.

8 Но се случи да примиме храна, која беше чувана за нас од страна на две илјади војници за наша помош; и ова е сета помош што ја примивме, да се браниме себеси и нашата татковина од паѓање во рацете на нашите непријатели, да, да се бориме со непријател кој беше безброен.

9 И сега причината за овие наши посрамувања, односно причината зошто не ни испратија повеќе засилување, не знаевме; затоа бевме нажалени и исполнети со страв, за Божјите пресуди на некој начин да не паднат врз нашата земја, за наше рушење и целосно уништување.

10 Затоа ние ги излеавме нашите души во молитва кон Бог, дека Тој ќе нѐ засили и ќе нѐ избави од рацете на нашите непријатели, да, и исто така да ни даде сила да ги задржиме нашите градови, и нашите земји, и нашите поседи, за издржување на нашиот народ.

11 Да, и се случи Господ нашиот Бог да нѐ посети со уверување дека Тој ќе нѐ избави; да, толку што Тој им објави мир на нашите души, и ни додели голема вера, и нѐ натера да се надеваме на наше избавување преку Него.

12 И ние се охрабривме со нашата мала сила која ја примивме, и бевме исполнети со одлучност да ги победиме нашите непријатели, и да ги задржиме нашите земји, и нашите поседи, и нашите жени, и нашите деца, и целта на нашата слобода.

13 И така тргнавме со сета наша сила против Ламанитите, кои беа во градот Манти; и ги распнавме нашите шатори покрај страната на дивината, која беше во близина на градот.

14 И се случи следниот ден, кога Ламанитите видоа дека бевме во близина на границите покрај дивината која беше во близина на градот, тие ги испратија нивните шпиони околу нас за да можат да го откријат бројот и силата на нашата војска.

15 И се случи кога тие видоа дека не бевме силни, според нашата бројка, и плашејќи се дека ние ќе ги отсечеме од нивната поддршка освен ако тие не излезат да се борат против нас и да нѐ убијат, и исто претпоставувајќи дека тие лесно можат да нѐ уништат со нивните бројни војски, затоа започнаа да се подготвуваат да излезат против нас да се борат.

16 И кога видовме дека тие се подготвуваа да излезат против нас, ете, наредив Гид, со мал број на војници, да се скрие во дивината, и исто така Теомнер и мал број на војници да се скријат во дивината.

17 Сега Гид и неговите војници беа на десно а другите на лево; и кога така се скрија, ете, јас останав, со остатокот од мојата војска, на она исто место на кое првиот пат ги распнавме нашите шатори во подготовка за времето кога Ламанитите требаше да излезат во борба.

18 И се случи дека Ламанитите излегоа со нивната бројна војска против нас. И кога излегоа и наскоро би нѐ нападнале со меч, наредив моите војски, оние кои беа со мене, да се повлечат во дивината.

19 И се случи Ламанитите да нѐ следат со голема брзина, бидејќи беа премногу желни да нѐ престигнат за да нѐ убијат; затоа нѐ следеа во дивината; и поминавме низ средината на Гид и Теомнер, толку што тие не беа откриени од Ламанитите.

20 И се случи кога Ламанитите беа поминале, односно кога војската беше поминала, Гид и Теомнер се кренаа од нивните тајни места, и ги пресекоа шпионите на Ламанитите за да не се вратат во градот.

21 И се случи кога беа ги отсекле, трчаа кон градот и им се нафрлија на стражарите кои беа оставени да го чуваат градот, толку што ги уништија и го заземаа градот.

22 Сега ова се случи бидејќи Ламанитите дозволија целата нивна војска, освен неколку стражари, да биде одведена во дивината.

23 И се случи Гид и Теомнер на овој начин да ги заземат нивните упоришта. И се случи ние да тргнеме по нашиот правец, откако патувавме многу во дивината кон земјата Зарахемла.

24 И кога Ламанитите видоа дека тие маршираат кон земјата Зарехемла, беа премногу исплашени, да не постои некој план кој ќе ги одведе до уништување; затоа повторно започнаа да се повлекуваа во дивината, да, и тоа на истиот пат на кој беа дошле.

25 И ете, беше ноќ и ги распнаа нивните шатори, зашто главните капетани на Ламанитите претпоставија дека Нефитите беа изморени поради нивниот марш; и препоставувајќи дека беа ја протерале целата нивна војска затоа тие не помислија во врска со градот Манти.

26 Сега се случи кога беше ноќ, јас наредив моите војници да не спијат, туку да маршираат напред преку друг пат кон земјата Манти.

27 И поради ова нашиот марш навечер, ете, утрешниот ден бевме подалеку од Ламанитите, толку што пристигнавме пред нив во градот Манти.

28 И така се случи, дека со оваа тактика го заземавме градот Манти без пролевање на крв.

29 И се случи кога војските на Ламанитите пристигнаа близу до градот, и видоа дека бевме подготвени да ги пресретнеме, беа премногу изненадени и погодени со голем страв, толку што избегаа во дивината.

30 Да, и се случи војските на Ламанитите да избегаат од овој дел на земјата. Но ете, со нив носеа многу жени и деца надвор од земјата.

31 И оние градови кои беа заземени од Ламанитите, сите од нив во ова време се во наш посед; и нашите татковци и жени и деца се враќаат во своите домови, сите освен оние кои беа земени за затвореници и одведени од Ламанитите.

32 Но ете, нашите војски се мали за да задржат толку голем број на градови и поседи.

33 Но ете, ние веруваме во нашиот Бог кој ни даде победа врз тие земји, толку што ги добивме тие градови и тие земји, кои беа наши сопствени.

34 Сега не ја знаеме причината зошто управувањето не ни даде поголемо засилување; ниту оние војници кои дојдоа при нас не знаат зошто не добивме поголемо засилување.

35 Ете, не знаеме но можеби вие претрпевте неуспех, и ги повлековте силите во тој дел на земјата; ако е така, не посакуваме да мрмориме.

36 И ако не е така, ете, се плашиме дека постои некоја неслога во управувањето, што не ни праќаат повеќе војници на наша помош; зашто знаеме дека тие се побројни од тоа што ни испратија.

37 Но, ете, не е важно—веруваме дека Бог ќе нѐ избави, без оглед на слабоста на нашите војски, да, и ќе нѐ избави од рацете на нашите непријатели.

38 Ете, ова е дваесет и деветтата година, во доцниот крај, и ние ги поседуваме нашите земји; и Ламанитите избегаа во земјата Нефи.

39 И оние синови од народот на Амон, за кои многу високо зборував, се со мене во градот Манти; и Господ ги издржува, да, и ги чува да не паднат од мечот, толку што ниту една душа не е убиена.

40 Но ете, тие се здобија со многу рани; сепак стојат цврсто во таа слобода во која Бог ги ослободи; и строго се сеќаваат на Господ нивниот Бог од ден на ден; да, внимаваат да ги одржуваат Неговите одредби, и Неговите пресуди, и Неговите заповеди постојано; и нивната вера е силна во пророштвата во врска со тоа што следува.

41 И сега, мој љубен брате, Морони, нека Господ нашиот Бог, кој нѐ искупи и нѐ ослободи, те чува постојано во Негово присуство; да, Тој и нека му е благонаклонет на овој народ, и тоа да имате успеси во стекнување посед на сѐ што Ламанитите земаа од нас, што беше за наше издржување. И сега, ете, го завршувам моето писмо. Јас сум Хеламан, синот на Алма.