Свети Писма
Алма 51


Глава 51

Царските поддржувачи сакаат да го променат законот и да постават цар—Пахоран и слободарите се поддржани од гласот на народот—Морони ги принудува царските поддржувачи да ја бранат својата земја или да бидат усмртени—Амаликија и Ламанитите освојуваат многу утврдени градови—Теанкум го одбива нападот на Ламанитите и го убива Амаликија во неговиот шатор. Околу 67–66 п.н.е.

1 И сега се случи на почетокот на дваесет и петтата година од владеењето на судиите врз народот на Нефи, тие воспоставија мир помеѓу народот на Лехи и народот на Мориантон во врска со нивните земји, и ја започнаа дваесет и петтата година во мир;

2 Сепак, тие не одржаа целосен мир во земјата, бидејќи започна да има препирање помеѓу народот во врска со главниот судија Пахоран; зашто ете, постоеше дел од народот кој посакуваше неколку посебни точки од законот да бидат променети.

3 Но ете, Пахоран не промени ниту дозволи законот да биде променет; затоа, не беше ги послушал оние кои беа ги кренале нивните гласови со нивните барања во врска со промената на законот.

4 Затоа, оние кои посакуваа законот да биде променет му беа лути, и посакуваа тој повеќе да не биде главен судија врз земјата; затоа се крена жесток спор во врска со работата, но не до крвопролевање.

5 И се случи оние кои посакуваа Пахоран да биде симнат од судиската столица беа наречени царски поддржувачи, бидејќи посакуваа законот да биде променет на начин за да го сруши слободното управување и да воспостави цар врз земјата.

6 А оние кои посакуваа Пахоран да остане главен судија врз земјата го преземаа името слободари; и така беше поделбата помеѓу нив, бидејќи слободарите се заколнаа односно заветија да ги одржат нивните права и привилегии од нивната религија преку слободно управување.

7 И се случи овој предмет на нивно препирање да биде смирен од гласот на народот. И се случи гласот на народот да биде во корист на слободарите, и Пахоран ја задржа судиската столица, што предизвика многу радост помеѓу браќата на Пахоран и исто така многу врз слободните луѓе, кои исто така ги замолчија царските поддржувачи, што не се осмелуваа да се спротивстават туку беа приморани да ја одржат целта на слобода.

8 Сега оние кои беа наклонети за цареви беа оние од високо потекло, и тие бараа да станат цареви; и беа поддржани од оние кои бараа моќ и власт врз народот.

9 Но ете, ова беше критично време да има такви препирања помеѓу народот на Нефи; зашто ете, Амаликија повторно беше ги поттикнал срцата на народот на Ламанитите против народот на Нефитите, и тој собираше војски од сите краишта на земјата, и ги вооружуваше, и се подготвуваше за војна со сета трудољубивост; бидејќи беше се заколнал да ја пие крвта на Морони.

10 Но ете, ќе видиме дека неговото ветување кое го даде беше избрзано; сепак, тој се подготви самиот и неговите војски да дојдат да се борат против Нефитите.

11 Сега неговите војски не беа толку големи како што беа досега, поради многуте илјадници кои беа убиени од рацете на Нефитите; но без оглед на нивната голема загуба, Амаликија беше собрал заедно невообичаено голема војска, толку што не се плашеше да слезе во земјата Зарахемла.

12 Да, дури и Амаликија самиот слезе, на челото на Ламанитите. И беше во дваесет и петтата година од владеењето на судиите; и беше во исто време кога тие започнаа да ги смируваат околностите на нивните препирања во врска со главниот судија, Пахоран.

13 И се случи кога луѓето кои беа нарекувани царски поддржувачи беа слушнале дека Ламанитите доаѓаат да се борат против нив, им беше мило на срцата, и одбија да земат оружја, бидејќи беа толку гневни на главниот судија, и исто така со слободниот народ, што не зема оружја за да ја брани нивната земја.

14 И се случи кога Морони го виде ова, и исто така виде дека Ламанитите доаѓаа во границите на земјата, тој беше премногу гневен поради тврдоглавоста на тој народ кој беше работел со толку многу трудољубивост да ги зачува; да, беше премногу гневен; неговата душа беше исполнета со лутина против нив.

15 И се случи тој да испрати барање, со гласот на народот, до управникот на земјата, посакувајќи да го прочита, и да му даде (на Морони) моќ да ги принуди тие одметници да ја бранат нивната земја или да ги усмрти.

16 Зашто неговата прва грижа беше да стави крај на такви препирања и раздори помеѓу народот; зашто ете, ова досега беше причина за сето нивно уништување. И се случи да биде одобрено според гласот на народот.

17 И се случи Морони да заповеда неговата војска да тргне против тие царски поддржувачи, да ја спушти нивната гордост и нивното благородништво и да ги срамни со земјата, или да земат оружја и да ја поддржат целта на слобода.

18 И се случи војските да маршираат напред против нив; и тие ја спуштија нивната гордост и нивното благородништво, толку што додека ги креваа своите воени оружја за да се борат против војниците на Морони беа пресечени и срамнети со земјата.

19 И се случи да постојат четири илјади од тие одметници кои беа пресечени од мечот; а оние од нивните водачи кои не беа убиени во борба беа земени и фрлени во затвор, бидејќи немаше време за нивните судења во тоа време.

20 А остатокот од тие одметници, наместо да бидат удрени долу на земјата со мечот, се предадоа на знамето на слободата, и беа принудени да го кренат правото на слобода врз нивните кули, и во нивните градови, и да земат оружја во одбрана на нивната земја.

21 И така Морони им стави крај на тие царски поддржувачи, така што немаше познати под името царски поддржувачи; и така стави крај на тврдоглавоста и гордоста на тие луѓе кои ја тврдеа благородничката крв; но беа доведени да се понизат како нивните браќа, и да се борат храбро за нивната слобода од ропство.

22 Ете, се случи додека Морони беше ги сперчувал војните и препирањата помеѓу неговиот сопствен народ, и подложувајќи ги на мир и цивилизација, и правејќи регулации за да се подготви за војна против Ламанитите, ете, Ламанитите стигнаа во земјата Морони, која беше во границите покрај морскиот брег.

23 И се случи Нефитите да не бидат доволно силни во градот Морони; затоа Амаликија беше ги протерал, убивајќи многу. И се случи Амаликија да го заземе градот, да, посед врз сите нивни тврдини.

24 А оние кои избегаа од градот Морони дојдоа во градот Нефиха; и исто така народот од градот Лехи се собра заедно, и се подготвија и беа подготвени да ги дочекаат Ламанитите за борба.

25 Но се случи Амаликија да не дозволи Ламанитите да тргнат против градот Нефиха во борба, туку ги држеше долу покрај морскиот брег, оставајќи војници во секој град да го одржуваат и бранат.

26 И така тој тргна, заземајќи многу градови, градот Нефиха, и градот Лехи, и градот Мориантон, и градот Омнер, и градот Гид, и градот Мулек, сите кои беа на источната граница покрај морскиот брег.

27 И така Ламанитите стекнаа, преку лукавоста на Амаликија, толку многу градови, со нивните безбројни војски, сите што беа цврсто утврдени по начинот на тврдините на Морони; сите кои овозможуваа упоришта за Ламанитите.

28 И се случи да маршираат до границите на земјата Изобилство, протерувајќи ги Нефитите пред нив и убивајќи многу.

29 Но се случи да бидат сретнати од Теанкум, кој беше го убил Мориантон и беше го водел неговиот народ во неговите бегства.

30 И се случи дека исто така го водеше Амаликија, додека маршираше напред со неговата бројна војска за да ја заземе земјата Изобилство, и исто така земјата северно.

31 Но ете се соочи со разочарување додека беше одбиен од Теанкум и неговите војници, зашто тие беа големи воини; зашто секој човек на Теанкум ги надминуваше Ламанитите во сила и во нивната воена вештина, толку што стекнаа предност врз Ламанитите.

32 И се случи тие да ги притиснат, толку што ги убија дури сѐ додека не беше темно. И се случи Теанкум и неговите војници да ги распнат нивните шатори на границите на земјата Изобилство; а Амаликија ги распна неговите шатори на гранците на плажата покрај морскиот брег, и на овој начин беа протерани.

33 И се случи кога беше дошла ноќта, Теанкум и неговиот слуга се прикрадоа и тргнаа во ноќта, и заминаа во кампот на Амаликија; и ете, сонот ги совлада поради нивниот голем замор, кој беше предизвикан од напорите и жештината на денот.

34 И се случи Теанкум да се прикраде тајно во шаторот на царот, и го забоде со копје во срцето; и ја предизвика смртта на царот веднаш така што не ги разбуди неговите слуги.

35 И тој се врати тајно во неговиот камп, и ете, неговите војници беа заспани, и ги разбуди и им кажа за сите нешта кои беше ги направил.

36 И тој нареди неговите војски да бидат спремни, за да не се разбудат Ламанитите и да не дојдат по нив.

37 И така заврши дваесет и петтата година од владеењето на судиите врз народот на Нефи; и така завршија деновите на Амаликија.